Бегајќи од полицијата, косовски криумчари ја урнаа рампата на наплатна станица Градско

На 31.07.2025 околу 22.30 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода Г.Л.(24) и Б.Л.(18), двајцата од Косово, затоа што во возилото „фолксваген кеди“ со косовски национални ознаки, кое го управувал Г.Л., а совозач бил Б.Л., биле пронајдени осум лица мигранти од Народна Република Кина. Имено, околу 21.40 часот возилото било забележано како се движи на автопатот од Градско кон Скопје, не застанало на даден знак за запирање и продолжило со движење.

Додека бегал од полициските патроли, возачот со возилото ја оштетил  наплатната станица Градско, во Катланово, во движење удрил во возило „опел инсигниа“ со странски регистарски ознаки како и направил штета и над мотоцикл со македонски регистарски ознаки. Потоа ја оштетил и рампа на наплатната станица Петровец. Откако продолжил со движење, кај клучка Приштина на обиколница Скопје возачот изгубил контрола и со возилото излетал од патот, по што и физички нападнал полициски службеник во обид да избега, но бил совладан и лишен од слобода.

Agria

При преземање мерки за запирање на возилото, полициски службеници испукале предупредувачки куршуми, при што никој не бил повреден. Лицата биле задржани во полициска станица, а мигрантите биле сместени во транзитен центар.

По целосно документирање на случајот, Одделението за прекуграничен криминал странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Север ќе поднесе соодветна пријава.

Претходно

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: