Велешанецот Благој Ламњов ќе го одржи својот прв самостоен концерт во Велес, денес во Театарот „Јордан Хаџи-Констатинов Џинот“. Ламњов ќе ја изведе музикaта од албумот „Носталгична љубов“, како и мали музички изненадувања. Тој ќе настапи заедно со гитаристот Петер Тегнер од Шведска.
Текстот продолжува под рекламата
Ламњов е истакнат македонски кларинетист кој живее во Шведска. Препознатлив е по неговото исклучително емотивно музицирање и уникатен стил на изведба на Македонска фолклорна музика. Неговиот албум Nostalgic Love придонесе позитивно влијание во многу полиња во општеството. “Ти ми откри една нова димензија на кларинетот” е често користен коментар од слушателите.
Текстот продолжува под рекламата
Ламњов вели дека концертот ќе биде доживување полно со емоции, една подлабока средба со кларинетот, како и поблиска музичка слика за Македонија како мост помеѓу стариот и модерниот свет.
Можеби ќе ве интересира: