„Брако“ стартува со нова производствена програма

Brako proizvodstvo

„Брако“ стартува со нова производствена програма, 450 тона метални конструкции годишно ќе се испорачуваат во Австрија. По испорачаните прототипови и нулта серија, за само неколку месеци, „Брако“ започнува со сериско производство и неделни испораки на шасии за мини дампери наменети за австрискиот пазар.

Zito akcija 640x289px

Современата производна опрема, инженерските решенија, менаџерското искуство, како и прецизно дефинираните технолошки постапки, се клучни за стартот на новиот производствен проект во „Брако“. Металните конструкции (шасии) за мини дампери, наменети за австрискиот пазар, веќе прераснуваат во прецизно дефинирана производствена програма. Моделот на системот, од суровина до финален производ, кој е во директна корелација со планирањето на производството, проектирањето на производот, се реализира за кратко време.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Реализацијата на овој проект беше и се уште е голем предизвик за инженерскиот тим. Високите критериуми за квалитет и динамиката на испораки, сами по себе бараат максимална оптимизација и организација на процесот на производство, што е голем мотив на целокупниот тим на „Брако“, да го даде својот максимум за воспоставување на потребната производствена линија,“ велат одговорните од одделот за Производство.

Содржината продолжува под рекламата

По испорачаните прототипови и нулта серија, за само неколку месеци, „Брако“ започнува со сериско производство и неделни испораки на австрискиот пазар. „Благодарение на подготвениот инженерски и менаџерски тим, најсовремениот машински парк, просторниот капацитет, по неколку испораки квалитетот беше препознаен и веќе се договорени годишните планови и количини за испораки за околу 400 тона метални
конструкции. Во моментов се работи и на разработка на технолошка постапка за уште неколку нови типови на конструкции за градежни машини, чие производство се очекува да започне кон втората половина на оваа година “- истакна проект менаџерот Александар Наумов.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: