„Брако“ учествуваше на саемот за индустрија во Хановер

brako-na-saem-vo-hanover-3

БРАКО ги претстави своите производни капацитети и можностите на фабриката на светски познатиот саем за индустрија кој се одржа во Хановер во Германија.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Директорот на секторот за тешки метални конструкции во БРАКО, Перо Колев, ги запозна заинтересираните деловни субјекти присутни на саемот со можностите кои ги нуди БРАКО во делот на производството, современата технологија од последната технолошка генерација и високотехнолошките производи од портфолиото на БРАКО.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

БРАКО има долгогодишно искуство и соработка со реномирани компании од Европа светот и извезува производи во околу 50 држави на сите континенти, а саемот беше одлична можност за воспоставување на нови соработки и освојување на нови пазари за компанијата.

На саемот учествуваа околу 4.200 компании од областа на машинското инженерство, електричната и дигиталната индустрија и енергетиката, а најбројни беа компаниите од Европска Унија и Централна и Југоисточна Азија.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: