(ВИДЕО) Чадиева: Зградата на Општина Велес во која често држат партиски состаноци јадат и пијат и по нив оставаат неред е партиски штаб на ДПМНЕ

Danica Cadieva
Danica Cadieva

„Kонечно, по 18 месеци на градоначалникот Колев и на претседателот на Советот Љутков, им го слушнавме гласот на прес конференција, грубо политизирајки на општиснката зграда. За Марко Колев зградата на Општина Велес во која често држат партиски состаноци јадат и пијат и по нив оставаат неред е партиски штаб на ДПМНЕ. Тој со своето суштинско непознавање на законите и работата на институциите се дрзна да држи партиски прес од Зградата на Општина Велес при тоа покажувајќи со прст кон ОО СДСМ Велес како кочничар на развојот на градот“, рече на денешната прес конференција претседателката на ОО СДСМ Велес, Даница Чадиева.

Zito akcija 640x289px

Чадиева, како што рече, водејки се од девизата дека нападот е најдобра одбрана, градоначалникот се обидува да го прикрие срамот што по втор пат му се одземаат ингеренциите. Додаде дека ингеренции на градоначалникот не се одземаат по диспозиција на министер ниту е негово дискреционо право, туку по строго утврдени законски услови што нашиот градоначалник во наводници успеа да ги исполни.

Agria

Претседателката на ОО СДСМ Велес обвини дека несериозно и недозволиво е тоа што се случило на 13 април, на роденденот на градоначалникот Марко Колев. Таа рече дека двајца пожарникари користејќи службено возило пристигнале во општината и со скала за интервенции при пожари, се качиле на вториот спрат преку тераса во канцеларијата на Градоначалникот, со цел да го честитаат роденденот, носејќи му роденденска торта.

На крајот, Чадиева ги повика градоначалникот и претседателот на советот да работат чесно и одговорно, а парите од буџетот наместо за богати софри да ги трошат за изградба на улици, паркови, тротоари и друго.

Во продолжение целиот прес.

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: