Вчера околу 14:00 часот на регионалниот пат село Богомила – крстосница за село Извор, општина Чашка, се случи сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и мотоцикл.
Според пријавата во СВР Велес, патничкото возило „БМВ“ со велешки регистарски ознаки било управувано од А.Т. (33) од Велес, додека мотоциклот „Хонда“ го управувала 48-годишната Б.Н. од Чешка.
Во несреќата, Б.Н. се здобила со тешки телесни повреди, кои ѝ биле констатирани во Општа болница Велес. На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес, а причините за несреќата се во тек на истрага.



















