На бројот за итни повици 112 во ЦУК, вчера (04 јуни 2024) околу 21.30 часот риболовец пријавил дека забележал безживотно човечко тело пред вливот на реката Тополка во Вардар во близина на последните куќи од јужната страна на Велес.
Текстот продолжува под рекламата
Од страна на Секторот за операции и координација од ЦУК веднаш беа известени МВР, ДЗС, ТППЕ Велес, Општина Велес како и Доброволното друштво „Македонски спасител“ од Велес.
Текстот продолжува под рекламата
Бидејки влегувањето во брзите и надојдени води на река Тополка во текот на ноќта не било безбедно, извлекувањето на телото беше извршено денес претпладне околу 10.00 часот од страна на тим од Специјалната антитерористичка единица “Тигар”.
Телото е идентификувано од страна на синот кој синоќа пријавил дека неговиот татко С.С. (80) е исчезнат.
Можеби ќе ве интересира: