Новиот снег кој денеска наврна не донесе нови проблеми во велешко. Од Центарот за управување со кризи известија дека сообраќајот се одвива во отежнати зимски услови и надлежните континуирано ги расчистуваат патните правци.
Во Општина Чашка во населените места село Јасеново и село Богомила врнежите од снег престанаа и има околу 30см наврнато снег. Се расчистуваат улиците од страна на Комуналното претпријатие. Исто така се врши чистење и во село Владиловци и село Оморани, но истите се проодни за сообраќај. Во Општините Велес и Градско исто така престанаа врнежите од снег, и сите патни правци се проодни и исто така редовно се чистат.
Истовремено, од Центарот потсетуваат дека, ако се планираат патувањата заради временските метеоролошки прилики и според дестинацијата е пожелно да се следат информациите од медиумите за временската состојба и состојбата на патиштата, согласно информациите од надлежните институции и служби.