Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера се регистрирани шест пожари во последното деноноќие и сите се изгаснати. Едно од местото каде гореѓе вчера е село Ногаевци, каде горела ниска вегетација.
Текстот продолжува под рекламата
Пожарникарите интервенирале за гаснење во: Општина Сарај, кај с.Лака (горела дива депонија); Општина Карпош, во реон на средно Нерези (ѓубриште); Општина Кичево кај с.Колари (стрниште и ѓубриште); Општина Велес, близу с.Ногаевци (ниска вегетација); Општина Куманово; кај Градски гробишта покрај ул.„Перо Чичо“ (ниска веетација) и во Општина Струмица во полето кај с.Баница (гореле дива депонија, трска и ниска вегетација).
Текстот продолжува под рекламата
ЦУК превентивно потсетува дека при прошетките во природа може граѓаните да имаат случај да се сретнат со змии, па, иако во ретки случаи, можат дури и да бидат гризнати од влекачите. Во таков случај и после права самопомош, е корисно да се јават на 112 во ЦУК, при што ќе бидат поврзани со Итната медицинска помош. Ако змијата е отровна, покрај правилната прва самопомош е многу важно и за што пократко време да се добие и медицински третман.
Можеби ќе ве интересира: