Противпожарните екипи и понатаму водат битка со огнените стихии меѓу селата Џидимирци и Крушје во велешко.
Според извештајот на ЦУК за пожарите на отворен простор за периодот 13/14 јули до 07:00 часот, во земјава се регистрирани вкупно 24 пожари, од кои пет се сè уште активни.
Во изминатото деноноќие, според ЦУК се изгаснати 19 пожари на повеќе локации на територијата на државата, меѓу кои дел и на териториите на скопските општини Гази Баба и Шуто Оризари, каде покрај ниска вегетација и нискостебелеста шума, горел е отпад на отворено.