Д-р Влатко Б. Ристов: Уринарни инфекции – сè што треба да знаете за да си помогнете

urolog vlatko ristov
urolog vlatko ristov

Автор: Д-р Влатко Б. Ристов, специјалист по урологија во ЈЗУ Општа болница – Велес

Zito akcija 640x289px

Инфекциите на уринарниот тракт се една од најчестите причини за консултација и преглед кај матичните лекари, но и кај уролозите и нефролозите. Уринарната инфекција се јавува кога микроорганизмите што живеат во дигестивниот тракт, од цревата ќе навлезат во мочниот меур. Начинот на клиничка презентација е различен, но најтипичен е т.н. синдром на фреквентност –дизурија, пренесува novamakedonija.com.mk

Agria

Симптоми на уринарни инфекции: Кај различни луѓе се создаваат различни симптоми. Не очекувајте секој од споменатите симптоми да се најде на вашата листа. Најчести симптоми на уринарна инфекција се: болка или непријатен притисок над пубичната коска, слабинска болка, печење при мокрење, честа фреквенција на мокрење, зачестено ноќно мокрење, ургентна потреба за мокрење, неволно испуштање на урина, непријатен мирис на истата, заматена или крвава урина, како и променета боја на спермата кај мажите. Може да се јави и болка за време на сексуалниот однос, вагинална или пенилна. Кај потешка форма уринарните инфекции се презентираат и со општи инфективни симтоми: слабост, малаксаност, покачена телесна температура и треска.

Симптомите на уринарна инфекција кај децата може да се појават и во вид на: необјаснета и повторувачка покачена телесна темпратура, раздразливост, намален апетит, дијареа, неволно денско и ноќно испуштање на урина. Многу е важно да се нагласи дека, за разлика од возрасните, кај децата има многу поголеми шанси да се јави висока температура, без кои било други симптоми на уринарна инфекција. Ако вашето дете постојано, без објаснување има покачена температура, би требало да ја разгледате и можноста дали е во прашање уринарна инфекција, особено ако сте забележале проомени во неговите навики кога во прашање е мокрењето. Нови епизоди на мокрење во кревет се следен знак кој би можел да сугерира присуство на уроинфекција.

Симптомите на уринарна инфекција кај постарите пациенти, исто така, некогаш можат да бидат неспецифични и тешко се поставува дијагноза. Единствени знаци може да бидат конфузија, или други ментални промени. Сепак, уринарните инфекции кај постарите значајно го зголемуваат ризикот од компликации опасни по живот, како што се инфекција на бубрезите или уросепса. Кај постарите луѓе уринарната инфекција може да води и да хроничен простатит, кој тешко се лекува. Многу е важно да се реагира на време со соодветна терапијa.

Дијагнозата на уринарните инфекции се темели врз микробиолошкиот наод од правилно земен примерок урина т.е. уринокултура. Во случаите на позитивен уринарен дипстик тест за наод леукоцитна естераза кај млада жена со некомплицирана дистална уринарна инфекција, терапијата може да биде емпириска (флуорокуинолон или сулфонамид), односно пациентката може да се лекува без претходна урнокултура. Од друга страна, уринокултура треба да се направи кај сите други пациенти пред да се даде емпириска терапија, а по добивање на микробиолошкиот наод терапијата се усогласува со добиениот резултат. Доколку има проблем во земањето примерок од урината, тој треба да се земе со уретрална или супрапубична катететеризација. Како дополнителни дијагностички алатки на уроинфекциите може да се користат и ЕХО на уринарен тракт, како и дигиторектален преглед на простата кај мажите

Најчести причинители на уринарни инфекции
Ешерихија коли (escherichia coli) е најчест причинител на инфекциите на уротрактот со учество од 85% кај амбулантските случаи и 50% кај интрахоспиталните уроинфекции. Протеус (proteus), Клебсиела (klebsiella) и грам позитивни ешерихија фекалис (escherichia fecalis) и стафилококус сапрофитикус (staphylococcus saprophyticus) се останатите патогени во амбулантската популација. Преваленцата на инфективен организам зависи од возраста на пациентот.

Типови на уринарни инфекции во зависност од афектираниот дел од уринарниот тракт:
• Бубрези (акутен пиелонефритис): болка во слабина, треска, покачена температура, гадење и повраќање
• Мочен меур (цистит): дискомфорт во долен дел од стомакот, често и болно уринирање, крв во урината
• Уретра (уретритис): болка во пенисот, печење при уринирање, oтежнато и непотполно празнење при уринирање
• Простата ( простатитис): болка во перинеумот и супрапубично, слаб млаз при мокрење, зачестено и отежнато мокрење, понекогаш дури и комплетна уринарна ретенција.

Третман на уронфекции
• ИУТ се третира според силината на инфекцијата.
• Циститис се третира со антибиотици во период од 3 дена кај жени и 7 дена кај мажи.
• Пиелонефритис се третира во период од 10 дена со антибиотици кои поседуваат својство на силна пенетрација во бубрежното ткиво.

Целиот текст можете да го прочитате на novamakedonija.com.mk

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: