Три лица се повредени во сообраќајната несреќа која се случи попладневно околу 18.30 часот на патот кон езерото „Младост“. Повредените се на возраст од 20 до 30 години, и се транспортирани во велешката болница, дознава Батали.нет
“Во сообраќајната несреќа, која во Итната медицинска помош е пријавена во 18:35 часот, повредени се три лица. Еден од нив има отворена повреда на глава, друг е со нагмечен граден кош и третиот има затворена повреда на потколеница. Повредените, на возраст од 20 до 30 години, тие се транспортирани во Општа болница Велес”, рече за Батали.нет, Васе Пановска Поп-Стефанов, началник на ИМП Велес.
Патот кој води до езерото „Младост“ беше целосно рехабилитиран минатата година. Граѓаните негодуваа за неговата ширина, стравувајќи за безбедноста на сообраќајот. Надлежните државни институции уверуваа дека патот е направен според пропишаните стандарди и дека ширината е иста како и претходно.