Во организација на Стрип центар на Македонија, под покровителство на Општина Велес, од 22 септември Велес ќе биде центар на стрип културата, каде што ќе бидат изложени сите пристигнати дела на објавениот меѓународен конкурс.
На отворањето ќе бидат прогласени победниците и доделени наградите во повеќе категории. Изложбата ќе биде поставена до 30.09 секој работен ден од 08:00 – 16:00 часот. Оваа стрип – манифестација е единствената од ваков вид во Македонија.
Содржината продолжува под рекламата
Воедно, во истиот период, во Спомен – куќата на Касапови од 22-25 септември ќе се одржи и 4тата Стрип колонија „Велес 2022“, која е втора во Европа колонија од ваков вид, на која учество ќе имаат петнаесетина стрип артисти од Македонија, Србија, Романија и Албанија.
Можеби ќе ве интересира: