Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

Диви дрвосечачи од Велес нападнале шумски полицајци

divi drvosecaci napadnale policajci

На 27.12.2024 во 17.40 часот полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода С.З.(57), Б.З.(36), В.В.(18) и малолетник, сите од Велес, постапувајќи по пријава од Ф.Ј.(54)
од вработен во Шумска полиција-Велес.

Zito akcija 640x289px

Според пријавеното, на земјен пат од езеро Младост кон село Ветерско, велешко, додека тој заедно со Б.К. и З.З. вршеле службени задачи, ги затекнале лицата како сечат дрва и бесправно исечени дабови дрва. При превземање на службени дејствија ги нападнале, при што Б.З. користел и остар предмет и им нанел повреди на З.З. и Б.К., констатирани во болницата во Велес, а В.В. со вклучена моторна пила, како и С.З. и малолетникот кои држеле дрвени предмети се обидувале да ги нападнат, по што напаѓачите со патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки со предметите кои ги користеле за нападот заминале.

С.З., Б.З. и В.В. биле задржани во полициска станица, а возилото и предметите од нападот биле пронајдени и одземени. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: