30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

Дојави за бомби во сите училишта во Велес

Dojava bomba uciliste Blaze Koneski

Дојави за поставени бомби утринава се стигнати во сите велешки училишта. Учениците и персоналот се евакуирани и екипи на МВР ги проверуваат просториите. Оттаму велат дека дојави за поставени експлозивни направи освен во Велес има и во Скопје, но и во други градови во земјата.

Zito akcija 640x289px

„Денеска на службените мејлови на повеќе образовни установи во Скопје и во други градови во државата добиени се дојави за поставени експлозивни направи“, велат од МВР.

Agria

Од таму соопштија дека по првичните проверки, најкверојатно станува збор за лажни дојави.

Dojava bomba uciliste Kole Nedelkovski

„По мноштвото пристигнати пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни училишта на речиси цела територија на државата, надлежните служби на министерството преземаат сеопфатни плански мерки и активности согласно внатрешните процедури за постапување во случај на терористичко загрозување. Напоредно со ова се врши и проценка на степенот на загрозувањето во меѓусебна координација на безбедносно-разузнавачките служби, преку формиран оперативен штаб во рамки на Министерството. Согласно досегашните активности, проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави. Воедно, Министерството за внатрешни работи повикува и апелира за смиреност во јавноста и воздржување од ширење на дезинформации околу ваквите настани што инаку вчера беа евидентирани и во други земји во регионот“, соопшти полицијата.

И пред три години земјава се соочуваше со секојдневни дојави за поставени бомби, кои го попречуваа нормалниот тек на наставата. Сите беа лажни.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: