На малата сцена на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес утре премиерно ќе биде изведена претставата „Татко“ на текст од Флоријан Зелер, а во режија на Ненад Витанов.
„Татко“ е дело на еден од најважните драмски автори на нашето современие, францускиот драматичар Флоријан Зелер и непосредно по неговата изведба, текстот е поставен речиси во сите значајни театри на глобално ниво.
Содржината продолжува под рекламата
Ова е четврта премиера на Народниот театар „Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ од Велес. Насловната, неверојатно комплексна и провокативна улога ја толкува Јордан Витанов, кој со оваа улога и симболично ќе замине во пензија. Покрај Јордан Витанов во улогата на Андре, останатите ролји ги толкуваат: Маја Љутков, Жарко Спасовски, Славица Манаскова, Симона Димковска и Благојчо Стојанов. Сценограф на претставата е Филип Коруновски, костимографијата ја потпишува Раде Василев, а музичкиот избор е на режисерот Ненад Витанов, а фотограф на претставата е Данчо Стефков.
Можеби ќе ве интересира: