И на изборниот ден полицијата имаше полни раце работа. 26 годишен велешанец пријавил дека физички е нападнат од 42 годишен велешанец, додека во село во општина Чашка, жена пријавила дека е физички е нападната од нејзиниот поранешен сопруг.
„На 24.04.2024 во 19.30 часот во СВР Велес М.С.(26) од Велес пријавил дека на улица „Сараевска“ во Велес бил физички нападнат од П.Н.(42) од Велес“, стои во соопштението на СВР Велес.
„На 24.04.2024 во 08.30 часот во СВР Велес 49-годишна жена од село во општина Чашка
пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг
И.С., со кого заедно живеела“, известија од СВР Велес.
Од полицијата изјавија дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.
Можеби ќе ве интересира: