Актуелниот председавач на Советот на Општина Велес, актерот Зоран Љутков е предложен од мандатарот на новата Влада, Кристијан Мицковски за нов министер за култура и туризам, за кој Мицкоски очекува дека ќе има шанса да ја промовира Македонија на надворешен план.
Текстот продолжува под рекламата
Уште еден велешанец се најде во составот на новата Влада. Министер за внатрешни работи ќе биде Панче Тошковски, кој на оваа функција беше и во техничката Влада, за кого беше речено дека се очекува бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата.
Текстот продолжува под рекламата
Предлог составот на новата влада е комплетиран и заедно со програмата денес треба да биде доставен во Собранието, додека гласањето се очекува да се случи претстојниот викенд.
Новата македонска Влада ќе има 20 министерства (четири повеќе од претходниот состав) и 24 министри (вклучувајќи ги и тие без ресор). Истата ќе ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, коалицијата „Вреди“ и ЗНАМ – За Наша Македонија.
Можеби ќе ве интересира: