Две млади лица жители на селото Јаболчиште се упасени во Тетово бидејќи кај нив била пронајдена марихуана.
Содржината продолжува под рекламата
„На 12.04.2023 околу 23.00 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.С.(19) и В.Ш.(21), двајцата од велешко Јаболчиште, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана“, стои во соопштението на МВР.
Содржината продолжува под рекламата
Тие биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
Можеби ќе ве интересира: