Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го пријавила помладата од двете вработени, која на велешката полиција и рекла дека била нападната од својата постара колешка.
“На 20.12.2024 во 15.45 часот во Полициска станица Велес П.М.(40) од Велес, пријавила дека додека била на работно место во пошта во Велес, била физички нападната од Л.С.(59) од Велес, исто така вработена во пошта во Велес”, соопшти Билјана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
По документирање на настанот, полицијата ќе поднесе соодветна пријава.