Две лица починаа во велешката болница како последица од коронавирусот, на кислородна поддршка се 28 пациенти

Bolnica Veles

Две жени на возраст од 74 и 86 години починаа во велешката болница како последица од коронавирусот. 74-годишната жена била лекувана три дена на Инфективното одделение, а 84-годишната паациентка била девет дена исто така на Инфективното одделение.

Zito akcija 640x289px

Во моментов во болницата во Велес вкупно се хоспитализирани 60 пациенти, од кои 41 пациент се потврдени позитивни, осум се сомнителни и 11 пациенти се со негативен тест но се задржани на болничко лекување.

Agria

На кислородна поддршка се 28 пациенти.

На одделенијата во велешката болница во моментов има на Инфективно 30, во Модуларната болница 20, и на Интерното одделение десет пациенти, испишани се 3 пациенти како оздравени со по 1 негативен тест.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/24443/borecz-basket-gostuva-kaj-ekipata-na-chair-2030/