Жири комисијата на педесет и осмиот Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, во состав Марина Миливојевиќ – Маѓарев, претседател и членовите Марина Катниќ – Бакаршиќ и Варја Ѓукиќ и доделија на претставата „Едвард Втори“ на театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Велес две награди.
Текстот продолжува под рекламата
Награда за костимографија на Симон Мачабели и Раде Василев и награда за младa актеркa на Јована Миладинова за улогата на Изабел де Валоа во претставата „Едвард Втори“ кој е во копродукција со Драмски театар Масалитинов, Пловдив, Бугарија.
Текстот продолжува под рекламата
Награда за уметничко остварување на претставата во целина ја доби ансамблот на НУЦК „Антон Панов“ – Струмица за уметничко остварување во претставата „Црна дупка“ од Горан Стефановски во режија на Љупчо Ѓоргиевски.
На педесет и осмиот Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, велешкиот актер Јордан Витанов ја доби наградата за животно дело.
Можеби ќе ве интересира: