Две лица, од кое едното било малолетно вчера биле физички нападнати во младинскиот парк, откако претходно имало кратка расправија, информираат за Батали.нет од СВР Велес.
„На 23.05.2024 во 22.00 часот во Полициска станица Велес А.Ѓ.(19) од Велес пријавил дека
додека бил со неговиот малолетен брат во младинскиот парк во Велес, по кратка расправија
биле физички нападнати од повеќе малолетници“, информира портпаролот на СВР Велес.
Од полицијата велат дека за настанот бил известен Центарот за социјални работи Велес и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Можеби ќе ве интересира: