
Жито Маркети отвори нова продавница на ул.Димитар Влахов 49, Велес, во близина на ДОС. Овој модерен простор, со површина од 186м² распределена на две нивоа, е внимателно дизајниран за да ги задоволи потребите на современиот купувач.
Новиот маркет ќе им овозможи на жителите од Велес и околината лесен пристап до нивните секојдневни потреби, нудејќи широк спектар на производи од различни категории, вклучувајќи ги и производите од познатиот приватен бренд 5ка, по најдостапни цени.
“Отворањето на новата продавница во Велес е еден од многубројните чекори од нашата мисија да обезбедиме квалитетни производи и извонредна услуга на нашите купувачи. Нашата нова локација, со две нивоа и модерна опрема, ќе овозможи удобно и брзо пазарување за сите.,” велат од менаџментот на Жито Маркети.
Продавницата располага со две наплатни каси за оптимална ефикасност и удобност на купувачите. Работното време е од понеделник до сабота, од 07:30 до 21:30 часот, додека недела останува неработен ден.







Можеби ќе ве интересира:
- Дизел горивото oд ноќеска поевтинува за еден денар, бензините половина денар
- Армијата го слави 33. роденден со свеченост во касарната во Штип
- Променливо и посвежо време со услови за локален пороен дожд и грмежи
- Инспекторатот наложи нови проверки во биогасната централа кај Градско поради жалби за смрдеа
- Шумски пожар кај село Бекирлија во општина Лозово, активен еден од десетте пожари во земјава