
Лидија Ѓорѓиева од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ е најдобар наставник во одделенска настава, Илија Настовски, наставник по пијано во ООМУ „Стефан Гајдов“ е го доби признанието за најдобар наставник во предметна настава, а Драгана Тевчева, наставник по физика во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ е прогласена за најдобар наставник во средните општински училишта.
Општина Велес го одбележа 24 Мај, Денот на Сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј. Признанјата на наставниците им се врачени за вложениот професионален труд, нивната неуморност и трпение да создадат индивидуи, потковани со знаења и умешност.
– реклама –
„Ја градиме нивната самодоверба, се грижиме за нивната благосостојба, ги учиме и поучуваме меѓусебно да се почитуваат, взаемно да се вреднуваат, да бидат толерантни, трудољубиви, упорни, истрајни и успешни граѓани“, рече Лилјана Ѓорѓиева, во обраќањето од името на добитниците.
– реклама –
Градоначалникот Аце Коцевски рече дека на Велес, како град со посебно место и улога во историјата, просветата и културата на македонскиот народ и држава, му прилега достојно да го одбележува 24 Мај.
„Овој значаен датум, претставува наш потсетник за суштинската и историска улога која ја имаат првите учители. Со својата благородна мисија, солунските браќа се едни од најзаслужните за нашето културно, етничко но и духовно постоење како народ и нација. Тие се браќата што веруваа во правото на секој народ да го користи својот јазик“, истакна Коцевски.
За најталентирана ученичка од основно образование за 2021 година, Општина Велес ја прогласи деветтооделенката Ана Бошкова од ООУ „Блаже Конески“.
Наградата најдобар ученик во средно образование ја добија средношколците Игор Стојков, ученик во четврта година од ОСУ „Јовче Тесличков“ и Бојан Димовски, ученик во четврта година во ССОУ „Коле Неделковски“.
За прв пат годинава, градоначалникот Коцевски додели признание за посебен придонес во образованието преку волонтеризмот. Признанието отиде во вредните раце на Трајче Станковски, одделенски наставник во ООУ „Васил Главинов“.
Со изведба на неколку музички точки, триото „Окарина“, ја збогати свеченоста по повод чествувањето на празникот на сесловенската писменост.
Можеби ќе ве интересира: