Под името „Рамо до Рамо со граѓаните“ синоќа владејачката СДСМ од Велес ја започна кампањата ширум земјава
Претседателот Димитар Ковачевски заедно со генералниот секретар на партијата, Миле Зечевиќ присуствуваа на отворање на нови простории на општинската организација на СДСМ во Велес. Од партијата велат во оваа кампања ќе посетат вкулно 946 населени места ширум земјава.
Пред присустни сопартијци свое обраќање имаше претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.
„Доаѓаме со јасна порака – напредокот продолжува. Големи промени очекувајте во оваа и наредната година. Економијата ќе продолжи да расте и да се развива, продолжува растот на платите и на пензиите. Продолжуваат инвестициите“, рече Ковачевски.
Пред присутните во новите простории на партијата се обрати и претседателката на ОО СДСМ-Велес, Даница Чадиева. Таа рече дека тие простории ќе бидат отворени за сите граѓани и дека плоштадот Сарамаале ќе биде претесен за двојната победа која што СДСМ ќе ја има на претстојните парламентарни и претседателски избори.
И генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ порача дека тие се заедно со народот, преку разговор, заедничка решителност, со труд, со работа, со посветеност да се бориме за подобро утре.
„Доаѓаме со крената глава. Да ве слушнеме, да ви дадеме отчет за сработеното, да ви кажеме што следува во иднина. Ќе слушаме внимателно и внимателно ќе говориме. СДСМ е партија на народот, која државотворно и одговорно се однесувала во сите премрежја од современата македонска историја. Така е и денес“ рече Зечевиќ.
Од таму, претседателката на ОО СДСМ Велес, Даница Чадиева заедно со генералниот секретар Миле Зечевиќ се упатија во велешката населба „Дворови“ каде што остварија маалски средби со граѓаните од овој дел, со што официјално ја почнаа кампањата „Рамо до рамо до победа“.
Можеби ќе ве интересира: