(ФОТО) Жито Маркети за првпат отвори три маркети во еден ден

Zito nov market vo Gevgelija

Жито Маркети отвори три нови маркети во еден ден. Овој пат големопродажниот синџир ги отвори вратите за своите верни потрошувачи за првпат на трите маркети лоцирани во Штип и Гевгелија.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Велешката компанија со овој потег ја збогати својата мрежа со над 75 маркети ширум земјата и стана подостапна за опслужувањето на граѓаните и купувачите во овие два града.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Штипјани отсега ќе можат да пазарат во новиот маркет лоциран во центарот на улица „Кеј Маршал Тито“ број 37 и во маркетот на улица Партизанска број 35, исто така и гевгеличани добиваат поголема понуда на артикли со пристапни цени во новоотворениот маркет на улица 7-ми Ноември број 6А.

„Отворањето на три маркети во ист ден е значаен и посакуван момент во ширењето и растењето на нашата компанија. Со овој гест сакаме да потенцираме дека сме неуморни во нашата посветеност да одговориме на барањата и потребите на граѓаните. Имаме поставено цели, имаме и планови и работиме со цел да го оствариме сето она што сме го зацртале, а пред сѐ имаме одговорност да ги исполниме ветувањата кон граѓаните дека ќе бидеме достапни насекаде“, велат одговорните од Жито Маректи.

Двата маркета кои се наоѓаат во Штип се на површина од 900 метри квадратни, додека пак маркетот во Гевгелија е над 500 метри квадратни корисна површина, трите новотворени маркети имаат над 50 вработени.

Од компанијата посочуваат дека на своите потрошувачи ќе им донесе гарантирани ниски цени и врвна услуга, карактеристична за сите маркети од ланецот на Жито.

Според традицијата и досегашната практика на Жито Маркети, отворањето на трите капацитети беше проследено со многу презентации, дегустации како и тркало на среќата за купувачите на првиот ден од работата на овие маркети.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: