Во велешката болница е забранет секаков влез на посетители, освен пациенти кои се итни случаи. Забраната се воведува поради опасноста од ширење на коронависусот, но и сезонскиот грип, кој во ова време од годината е многу распространет.
Според одлуката на Владата, Инфективното одделение на велешката болница е едно од трите одделенија во земјава, предвидени за карантинско лекување на пациенти заразени со оваа болест. Од велешката болница велат дека на одделението работат тројца епидемиолози, но тврдат дека и со оваа бројка, се подготвени да одговорат на предизвикот.
Нашиот фоторепортер попладнево беше во кругот на болницата и направи неколку фотографии од неа.
Целата галерија од фотографии можете да ја видите на нашиот FB Fan Page