Љубителите на театарот во Велес во текот на 2025 година согласно програмата за работа Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ ќе можат да следат четири премиери.
Министерството за култура оваа година додели средства за реализација на преставите „Госпоѓа министерка“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Синиша Ефтимов, „Искрените“ од Карл де Шамблен Мариво, во режија на Владимир Милчин, „Галеб“ од А.П. Чехов , во речија на Александар Ивановски и „Не можам да платам, нема да платам“ од Дарио Фо, во режија на Елеонора Теова, проект кој ќе биде реализиран на малата сцена на Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“.
Исто така се доделени средства во износ од 800 000 денари за реализација на овогодинешното издание на Фестивалот на античка драма „СТОБИ“ , како и сума во износ од 480 000 денари за реализација на планираните активности за меѓународна соработка.