Голем успех на хорот “Св. Кирил и Методиј” од Велес на меѓународно натпреварување во Чешка

 

Детскиот хор “Св. Кирил и Методиј” од Велес, под диригентската палка на Веселинка Маџарова, се враќа од успешно учество на меѓународно хорско натпреварување во Оломуц, Чешка, со две престижни награди.

Младите пејачи учествуваа во две категории и покажаа исклучителни резултати. Во првата категорија за детски хорови до 16 години, хорот освои второ место, но всушност беше најдобар во оваа категорија, бидејќи ниту еден учесник не успеа да освои прво место поради високиот степен на тежина на натпреварувањето.

Agria

Особено импресивен беше настапот во втората категорија – фолклор, каде што младите пејачи изведуваа македонски народни песни. Во оваа категорија се натпреваруваа рамо до рамо со возрасни академски хорови и успеаа да освојат второ место, што претставува исклучителен успех за една младинска формација.

Овие награди се резултат на напорната работа и посветеноста на младите пејачи и нивната диригентка Веселинка Маџарова, која успешно ги подготви за овој предизвик на меѓународна сцена.

Хорот “Св. Кирил и Методиј” од Велес повторно ја потврди својата репутација како една од најуспешните младински хорски формации во земјата, донесувајќи чест и признание за својот град и за својата држава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: