
Велешанецот Горанчо Крстиќ пред неколку месеци беше позитивен на Ковид-19 и мораше да биде хоспитализиран во болницата во Велес. Тој и самиот беше сведок и можеше да види колку напор и енергија вложува медицинскиот персонал за да ги спасат сите оние кои се заразиле со коронавирусот и се борат за својот живот.
Крстиќ вели дека целиот медицински персонал во земјава е преморен, па упатува јавен повик до менаџментот на болницата во Велес доколку е потребно, за време на викендите веднаш да биде повикан и да биде ставен во фунција, се со една цел да им помогне на здравствените работници кои деноноќно се борат за пацинетите заразени со Ковид-19.
„Јас, Горанчо Крстиќ од Велес, се нудам за помош да волонтирам во сабота и недела во ЈЗУ Општа болница Велес со оглед на тоа дека здравствените работници се уморни“, вели Горанчо Крстиќ.
Тој ги повика сите оние кои се во можност и оние кои го прележале вирусот заеднички да се стават на располагање и да им помогнат на здравствените работници во овие тешки моменти додека да стивне вирусот.
Иако бројот на новозаразени пациенти е во благо намалувње, сепак здравствениот систем деновиве се соочува со најголемиот предизвик до сега, состојбата во болниците е алармантна.
Во последните 24 часа во Велес се регистрирани нови 39 позитивни случаи на Ковид-19, оздравени се 37, а бројката на активни случаи во е 767. Починат е и еден пациент на 82 годишна возраст.
Можеби ќе ве интересира: