Пожар избувнал синоќа во 23 часот на отворен простор кај селото Горно Јаболчиште во општина Чашка, гори букова шума, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму веднаш пратиле известување до ЈП „Национални шуми“ подружница „Бабуна“ од Велес, од каде што добиле одговор дека ќе упатат вработени кон пожарот за да го гаснат.
Според податоците на ЦУК, имало вкупно 22 евидентирани пожари на отворен простор во изминатото деноноќие. Од нив, утрово осум сѐ уште се активни.
Пожарот над село Селце, што гори од 11 април, сѐ уште е активен и покрај тоа што на терен гаснеле два хеликоптера од МВР и ренџерите од Национален парк „Шар Планина“ со 10 лица, а и четири пожарникари од ТППЕ – Тетово.
„Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов вчера беше и на терен. Нема опасност за соседното селото Лавце. Пожарот е далеку и од други објекти или населени места. Хеликоптерите престанаа со гасење по 16 часот, а и повеќето од луѓето беа повлечени. На терен останаа дежурни неколку ренџери од Национален парк „Шар Планина“, кои дежураат за секој случај. Повторно екипите интервенираат од утрово. Активни пожари има во село Гургурница, општина Брвеница, помеѓу селата Сретково и Церово, кај одморалиштето „Бунец“, општина Маврово – Ростуше, а и кај селото Горјане, општина Врапчиште“, информираат од ЦУК.
Moжеби ќе ве интересира: