Игор Ѓоргоски е новиот началник на униформираната полиција во СВР Велес. Тој кариера ја започна во АРМ во 2001 година како професионален војник, каде што во 2003 година се стекнува со чин водник- командир на ракетно одделение “Стрела 10 М-заменик командир на вод.
Во 2005 година со превземање од АРМ во МВР е распореден како полицаец во ПС за ОДГ Богородица, а од 2012 година е распореден во СВР Велес и извршува работни задачи како лице за прифат- сменоводител.
Во 2014 година кариерата ја продолжува како виш инспектор во оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал до крајот на 2015 година, кога е распореден на работно место заменик командир во ПС ОН Велес, а од 2019 година заменик командир во ПС за БПС Велес при СВР Велес, од каде сега ја превзема фунцијата началник на одделение на полиција при СВР Велес.