Инвестирани 1,5 милион евра за подобрување на возниот парк во ЈКП Дервен

Vozilo JKP Derven

Во изминатите неполни четири години во Јавното комуналното претпријатие „Дервен“ инвестирани се околу 91.000.000 денари, односно околу 1,5 милион евра за подобрување на возниот парк и механизацијата, изјави денес градоначалникот на Велес Аце Коцевски.

Коцевски ја потенцираше набавката на возилата за цврст комунален отпад, набавката на скада системот односно компресорот за фабриката за вода,  опремата за откривање на дефекти и нелегални приклучоци на системот за водоснабдување, опремата за микро-биолошката лабораторија, возилото за подигнување на подземни контејнери, цистерната, генераторот за производство на озон во третманот на вода за пиење, двата нови трактори преку проектот со Хабитат и Шуто Оризари.

Agria

Моментално се очекува возниот парк на претпријатиоето да се зголеми со уште две помали возила за собирање на цврст комунален отпад.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: