Полицијата трага по 71-годишната В.Т од Велес откако пред два дена се оддалечила од нејзиниот дом на улица Коле Цветков во Велес.
„На 15.01.2025 во 09.00 часот во СВР Велес, Д.Т.(77) од Велес пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга В.Т.(71), лице со здравствени проблеми“, се вели во полицскиот билтен.
Од таму додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.