Велешанецот Томе Трајков –културен работник и стрип промотер , на покана од Здружението
„HITHI” ( Коприва) од Урошевац /Феризај – соседно Косово присуствуваше на активности
организирани во склоп на програмата на споменатото здружение .
„Со ова здружение имам повекегодишни контакти и соработка, но навистина
пријатно ме изненади повикот за конкретни активности и тоа на конкретна тема „стрип“!Инаку
одамна имам контакти со стрип сцената на Косово и моите заложби беа на оваа територија да
се анимираат младите кон светски познатата 9 та уметност, толку популарна кај нивните
родители,баби и дедовци“, изјави Томе Трајков.
Содржината продолжува под рекламата
Тој на локалната гимназија одржа кратко предавање на тема „ Стрип-суштина, историја, развој во светот и на овие простори“. Додатен квалитет е спремноста на наставниот кадар да ги анимира
младите таленти преку учество на стрип конкурси и други популарни активности.
На крај , во Домот на култура се отвори изложба на современи македонски стрип автори,преку
јавен повик и обезбедени авторски права . Од застапените македонски стрип автори
најнапред да го споменеме стрип мајсторот Игор Јовчевски, па велешаните Лазар Ангелков,
Илко Стојановски , Оливер Цветковски, Васил Гаврилов, потоа Дарко Богданов, Александар
Цакоски , Славица Купенкова, Александра и Максим Ристески, Душица Димитровска, Катерина
Тери Николовска, Мирко Бојаџиевски, како и младите сили Анастасија Недељковска, ,
Евгенија Трајковска, Ѓургица Варела,Ана Марија Стефаноска, Јана Бутеска, , Мартина
Величковска, Ангела Ајтовска, Елена Апостоловска, Софронија Шарламанов. Како сценаристи
на изложбата беа застапени Ване Трајков и Александар Стеванов.
Можеби ќе ве интересира: