Во Ликовниот салон на Народниот музеј Велес, вчера беше отворена изложбата „Пикасо можеби јас 2“ на истакнатиот македонски уметник Филип Фидановски.
Публиката има можност да погледне 13 керамички скулптури, изработени и насликани со енгоба, глазура и 18-каратно злато за керамика и порцелан. Делата се инспирирани од модерната уметност, но носат препознатлив авторски израз и автентична уметничка интерпретација.
Изложбата се реализира во организација на Јасминка Намичева од Здружението за архитектура, дизајн и култура – Архифакт од Скопје, како дел од патувачката програма на проектот Музеум линк. Претходно, поставката беше презентирана во Крива Паланка и Ѓевгелија, а со оваа изложба Велес стана третата локација што ја угости оваа културна програма во јуни 2025 година.
Куратор на изложбата е Проф. д-р Кирил Пенушлиски, кој ја претставува поставката како современ дијалог меѓу традиционалната техника и современиот уметнички израз.