Измами преку интернет при закуп на станови, две жртви пријавиле измама од речиси 45.000 денари

Veles od dron NOemvri 2022

Во Секторот за внатрешни работи Велес се пријавени два случаи на измама при обид за изнајмување станови преку интернет, во кои жртвите останале без вкупно 43.400 денари.

На 2 октомври во 19:30 часот, 38-годишна жена од битолско село пријавила дека била измамена откако се зачленила во група на социјална мрежа со цел да најде стан под закуп во Скопје. Контактирана била од лице со иницијали Н.П., со кое се договориле за изнајмување на стан. Жртвата електронски уплатила 28.400 денари на банкарска сметка, но по трансакцијата лицето станало недостапно и таа сфатила дека станува збор за измама.

Agria

Само ден претходно, на 1 октомври, 42-годишна жителка на Велес пријавила сличен случај, при што била измамена за сума од 15.000 денари за наводен закуп на стан во својот роден град.

Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи и идентификација на сторителите.

Од СВР Велес апелираат до граѓаните да бидат особено внимателни при комуникација со непознати лица преку социјални мрежи и платформи за пораки, особено кога се бараат финансиски уплати. Се советува секоја сомнителна активност да се пријави во најблиската полициска станица.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: