Со свечено положување на свежо цвеќе кај споменикот на солунските атентатори кај Мало мовче, годинава повторно започна патувањето на Вардарската регата, која по 25-ти пат ги следи чекорите на Гемиџиите по течението на реката Вардар до Солун.
Организирана од извидничкиот одред „Димитар Влахов“, оваа традиционална регата е симболична почит кон хероите кои го посветија својот живот за Македонија. Учесниците, следејќи го патот на легендарните солунски атентатори, повторно го оживуваат споменот на нивната борба и визија за слободна татковина.
Регатата ќе трае од 19 до 24 јуни, со планирани ноќевања во Евзони и Акропотамос, а ќе заврши со симболично впловување во Егејското Море – гест што го заокружува патот на сеќавање и достоинство. Вардарската регата продолжува да ја негува традицијата и споменот на Гемиџиите, носејќи порака за слобода, достоинство и љубов кон Македонија.