Велешката полиција приведе 24-годишен кавадарчанец одзел бакарен казан од двор на велешанец. Истиот бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен Суд Кавадарци поради бегство од затвор.
„На 03.11.2024 во 01.00 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Ј.(24) од Кавадарци, затоа што во Велес од двор од семејната куќа на Н.М.(59) од Велес,
одземал бакарен казан. Предметот бил пронајден и вратен на сопственикот“, информираа од СВР Велес.
Известен бил и јавен обвинител, а С.Ј. бил баран и по потерница врз основа на наредба од Основен Суд Кавадарци поради бегство од затвор и истиот бил спроведен во Казнено – поправната установа „Затвор Гевгелија“ на доиздржување на затворската казна.