40 годишен кавадарчанец извршил кражба во патничко возило во Велес. Тој бил фатен, а одземените предмети вратени на сопственикот.
Текстот продолжува под рекламата
„На 15.01.2023 во 03.00 часот во Велес, полициски службенци од СВР Велес го лишиле од слобода Г.К.(40) од Кавадарци. Тој се сомничи дека извршил кражба во патничко возило, при што одзел повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот“, информираа од МВР.
Текстот продолжува под рекламата
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: