Казнет еден угостителски објект во Велес поради гласна музика – прекршоци во повеќе локали, изречени платни налози

Policija zatvara ugostitelski objekt

Еден угостителски објект во Велес е казнет поради пуштање музика погласна од дозволеното, а во неколку други локали се констатирани различни прекршоци, информираше СВР Велес.

Во ноќта меѓу 17 и 18 мај, од 21:00 до 03:00 часот, полициски службеници заедно со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Трудовата инспекција и Управата за јавни приходи спроведоа контроли во угостителски објекти на подрачјето на Велес.

Agria

Во еден објект било измерено дека музиката е над дозволеното ниво, што било потврдено со фонометар. За прекршокот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Инспекторите од останатите институции утврдиле и други прекршоци во неколку локали, за кои се изречени соодветни платни налози.

Контролите продолжуваат и во наредниот период, како дел од мерките за зголемување на законитоста и безбедноста во угостителскиот сектор.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: