Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

Кочо Анѓушев и Благој Шалев ги посетија работниците на БРАКО: Им посакаа среќни празници и успех во 2025 година

Сопствениците и менаџерите на БРАКО, Кочо Анѓушев и Благој Шалев, ги посетија производните погони на компанијата пред новогодишните празници, изразувајќи им на сите вработени желби за среќни празници, добро здравје во новата 2025 година, лична и семејна среќа, како и заеднички успех во новите деловни предизвици и проекти на компанијата.

Zito akcija 640x289px

Во изминатата година, велешката компанија БРАКО ја заврши со позитивни резултати, и покрај предизвиците што ги донесе економската криза во Европа, која влијаеше на дел од западноевропските клиенти, како и проблемите со снабдувањето на жица, предизвикани од војната во Украина и европските економски санкции. И покрај овие предизвици, велешки БРАКО успеа да ја задржи стабилноста на своето производство и да се адаптира на пазарните услови.

Годината што следува, 2024, беше успешна за БРАКО, кој успеа значително да го зголеми производството и продажбата на возила за чистење под брендовите Грин Машинс, да го одржи стабилното производство на медицински мебел за странски брендови и да започне со производството на автоматизирани машини за клиенти од развиени земји.

Се очекува дека 2025 година ќе донесе нови можности за проширување на производите на БРАКО на глобалниот пазар, но и ќе биде време за активно зголемување на вкупниот македонски извоз, кој ќе биде основа за економски развој на државата и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

ПР објава

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: