Кој е махерот од Велес што дели рекордна и невидена дивиденда? Приносот е 38 отсто од пазарната цена на акцијата!!!

Rabotnicka na masina

„Ветекс“ е најдобитната акција на Македонската берза од аспект на учество на дивиденда во пазарната цена на акцијата. Нема друга акција чиј дивиденден принос е 38 отсто од пазарната цена! Дивидендата поделена за три години ја надмина пазарната цена на акцијата. Државата преку УЈП од персонален данок ќе наплати околу 18.500 евра од бруто дивидендата. Од вкупниот нето износ тројца акционери ќе поделат меѓу себе околу 154.000 евра, а околу 13.000 евра ќе поделат уште 140 домашни акционери и едно е правно лице, а другите се физички лица

Zito akcija 640x289px

Велешката компанија специјализирана за конец и предива „Ветекс“ ќе подели 185.000 евра дивиденда на своите 144 домашни акционери. Ова е една од ретките домашни активни компании (а веројатно и единствена) специјализирана за изработка на конец и предива продукти кои порано биле едни од најконвертабилните извозни продукти од Македонија – земјата на памукот, тутунот и афионот.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Ветекс“ на своите акционери ќе им подели бруто дивиденда од 379 денари за акција. А тоа е 38 отсто од последната пазарна цена на таа акција постигната во март годинава.

Содржината продолжува под рекламата

Ова „Ветекс“ ја прави убедливо нај-дивиденда акција од сите 110 кои се тргуваат на нашата берза, за периодот од почеток на 2021 година до сега.

„Ветекс“ е компанија со многу мал „фри флоу“ акции затоа што три домашни физички лица се акционери кои поседуваат 83 отсто од сите акции. Најголеми акционери се: Благој Галевски кој поседува 37,6 отсто, Стоиле Митев има 19,8 отсто и Дејан Галев 25 отсто. Сите заедно контролираат 83 отсто од акциите.

Тројцата најголеми акционери се воедно и членови на Одборот на директори на тоа друштво.

Историските податоци покажуваат дека „Ветекс“ е дивидендно чудо затоа што за овие три години збирот на исплатена дивиденда е поголем од пазарната цена на таа акција!

Компанијата работи успешно и на годишно ниво има приходи нешто повисоки од  5 милиони евра (просек на годишно ниво за периодот 2019-2021 година).Нејзината пазарна капитализација е помалку од половина милион евра, а годишно има приходи во просек од над 5 милиони евра. Книговодствената цена на акцијата е над 100 евра.

Извор: faktor.mk

Можеби ќе ве интересаира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: