Коронавирус се појавил меѓу вработените на позната велешка компанија, која вработува поголем број работници. Најмалку еден вработен од компанијата е позитивен на тестот. Нему резултатите му стигнале вчера, но на работа не доаѓал од средата.
Центарот за јавно здравје синоќа го информирал раководството на компанијата за позитиниот резултат на тестот на вработениот, а на работниците кои имале контакти со него, веднаш им издал решенија за 14-дневен карантин.
Од компанијата велат дека будно ја следат состојбата и дека веднаш ги презеле сите мерки за да не се дозволи евентуално ширење на заразата.
Во последните четири дена во Велес се регистрирани 24 случаи на заразени со коронавирус. Најголемиот број од нив се од кластер поврзан со велешка конфекција.