Двајца од денешните четворица велешани заразени со коронавирус се од општина Чашка. Оваа вест ја потврди градоначалникот на оваа општина Горан Стојановски на својот фејсбук профил.
„Денес во телефонска комуникација со матичниот доктор од населба Чашка бев информиран дека едно од позитивните лица е во ЈЗУ Болница Велес, а додека второто е на домашно лекување по препорака на матичниот доктор бидејќи се чувствува добро.
Општина Чашка ќе продолжи со спроведување на сите заклучоци и мерки за справување со вирусот“, напиша градоначалникот Стојановски.
Тој апелира до сите жители од општина Чашка на смиреност и на почитување на мерките за заштита од ширењето на заразата.