Полициската станица од Велес поднесе кривична пријава против тројца лица од општина Чашка поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.
Пријавени се Н.Б. (40) и М.Б. (43) од село Горно Јаболчиште, како и Џ.К. (50) од село Мелница. Во текот на јануари и мај годинава, полициски службеници извршиле претреси во домовите на пријавените лица. При тоа, кај Н.Б. и Џ.К. биле пронајдени и одземени ловечки пушки и муниција, додека кај М.Б. била пронајдена една ловечка пушка.
Случајот е целосно документиран и против осомничените е поднесена соодветна кривична пријава до надлежното јавно обвинителство.