Кривични пријави против велешки полицајци – дозволиле да застарат 14 случаи на кражба

Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави против двајца полицајци од Секторот за внатрешни работи Велес, поради сомнение за несовесно постапување со предмети поврзани со кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“.

Станува збор за полициските службеници А.С. и Л.Т.М., кои, во периодот од 8 јули 2020 до 6 декември 2021 година, додека биле ангажирани во Отсекот за општ криминалитет при СВР Велес, не постапиле навремено по вкупно 14 предмети.

Agria

Според податоците од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, пријавените не презеле потребни дејствија за расветлување на случаите, ниту го известиле надлежното обвинителство, со што било овозможено делата целосно да застарат за кривично гонење.

Случајот сега е пред надлежните органи, а против двајцата службеници е поведена постапка за несовесно работење во службата.

Rontis oglas do 2 juni

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: