Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

Кривични пријави за четворица велешани обвинети за напад врз шумската полиција кај Велешко езеро

divi drvosecaci napadnale policajci

СВР Велес поднесе кривична пријава против Б.З.(36), В.В.(18), С.З.(57) и еден малолетник, сите од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Zito akcija 640x289px

На 27.12.2024, во близина на Велешко Езеро, групата наводно извршила физички напад врз службените лица на шумската полиција. Според пријавата, првопријавениот Б.З. (36) со нож нанел повреди на двајца шумски полицајци, а истовремено осомничените се обиделе да ги нападнат и со моторна пила.

Ова, според надлежните органи, го прекршува не само Кривичниот законик туку покажува и загрозување на личната безбедност на службените лица, кои се обидувале да ги спречат пријавените во процесот на бесправна сеча.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: