Триесет и шестгодишен кумановец бил приведен викендов во Велес откако полицијaта му пронашла неколку видови наркотици.
Содржината продолжува под рекламата
„На 17.02.2024 во 22.30 часот на улица „8 Септември“ во Велес, полициски службеници од
СВР Велес го лишиле од слобода С.М.(36) од село Доброшане, кумановско, затоа што при
преглед кај него биле пронајдени и одземени марихуана, таблета екстази, грутчеста и
прашкаста материја“, информираа од СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: